Достапни линкови

Пожар на пристаништето во Бејрут еден месец по силната експлозија


Пожар на пристаништето во Бејрут.

Огромен пожар избувна во пристаништето во либанскиот главен град еден месец по силната експлозија во која загинаа околу 190 луѓе. Пожарот избувнал денеска во пристаништето во бејрутската бесцаринска зона.

Пожарникари и војници го гаснеле пожарот, а биле вклучени и хеликоптери. Официјалните лица велат дека досега голем дел од пожарот е изгаснат. Нема пријавено повредени, а причината за пожарот се уште не е јасна.

Либанскиот претседател Мишел Аун рече дека зад тоа може да стојат саботажи, техничка грешка или небрежност.

Од Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопштија дека во пожарот се уништени магацини во кои тие складирале храна, па тоа може да доведе до нарушување на хуманитарните операции.

Пристаништето во Бејрут пред и по експлозиите

Пожарот избувна нешто повеќе од еден месец по огромната експлозија во либанскиот главен град. Тогаш експлодираше големо количество амониум нитрат складирано на пристаништето. Во експлозијата на 4 август покрај смртните случаи, беа повредени илјадници луѓе, а дури 300.000 останаа без покрив над главата.

XS
SM
MD
LG