Достапни линкови

Отворен патот за мировните преговори во Авганистан


Преставници на талибанците на разговорите во Доха.

Шест талибански милитанти кои во Авганистан беа држани зад решетки, го напуштија денеска Кабул и заминаа за Доха, со што се отвори патот за одржување на мировните разговори во наредните денови, соопштија авганистанските власти.

На ослободувањето на милитантите се спротивставија Франција и Австралија поради нивната поврзаност со убиствата на француски и австралиски цивили и војници во Авганистан. Затворените треба да бидат држени под надзор во главниот град на Катар, каде треба да се водат интра-авганистанските преговори.

Двете страни посочија дека разговорите може да започнат наскоро откако ќе ја финализираат размената на затвореници. Последните талибански затвореници, освен шестмината испратени во Катар, беа ослободени минатата недела.

Бројот на загинати во нападот на авганистанскиот потпретседател расте

Од авганистанската влада за РСЕ велат дека нивниот тим ќе замине за Доха на 11 септември, а дека за 12 септември е планирано да се одржи церемонијата за отворање на преговорите.

Талибанците соопштија дека се подготвени да започнат мировни разговори по завршувањето на размената на затвореници, обвинувајќи го Кабул за одложувањето на преговорите. Од друга страна и авганистанската влада обвинува дека талибанците се виновни за застојот на преговорите.

XS
SM
MD
LG