Достапни линкови

Филипче и Земај разговарале за ковид-19 и за соработка во здравството


Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот колега од Косово Арменд Земај со своите тимови на работна средба.

Министерот за здравство Венко Филипче и неговиот колега од Косово Арменд Земај, заедно со своите тимови денеска разговараа за актуелната состојба со ковид-19, но и за други аспекти и можна соработка во сферата на здравството меѓу двете земји.

Од Министерството за здравство информираа дека двете страни разговарале за формирањето регионална работна група која тековно ќе ги следи состојбите на теренот и ќе ги носи потребните одлуки.

„Веќе се познати членовите на работната група од нашите две земји, а сега ги чекаме и членовите од останатите земји од регионот, согласно нашиот договор од првиот регионален состанок од пред десетина дена“, рече Филипче.

Оваа работна група, додаде тој, ќе обезбедува континуирана размена на информации за епидемиолошката ситуација во земјите, што ќе помогне во носењето заеднички одлуки, пред сe режимот на поминување на границите. Филипче по средбата додаде дека одлуката за режимот ќе се донесе во текот на следната недела.

Филипче - Скопските училишта нема да добијат дозвола за настава во живо за повисоките одделенија

На средбата, како што додаваат од Министерството, се разговарало и за размена на искуства и во посебни области од медицината, а се договорила и соработка на ниво на медицинскиот факултет, во смисла на тренинг, дополнителна специјализација и супспецијализација.

Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај по средбата изјави дека целта на денешната посета е унапредување на односите меѓу двете земји во областа на здравството.

XS
SM
MD
LG