Достапни линкови

Партиите се договорија за собраниските комисии


Конститутивна седница на Собрание на Република Северна Македонија

Координаторите на пратеничките групи ги распределија собраниските комисии. Во собранието функционираат 21 комисија.

ДУИ ќе раководи со комисиите за европски прашања, за здравство и за уставни прашања, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе постави свој кадар на Анкетната комисија и на комисијата за труд и социјала, Беса со култура, а останатите 16 комисии се делат на пола-пола меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците во Собрание, онлајн седници само ако мора

Со договорот за комисиите Собранието ќе може да почне со работа.

XS
SM
MD
LG