Достапни линкови

Самит на земјите од југот на ЕУ во Корзика


Францускиот претседател Емануел Макрон и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис Париз, 22.08.2019.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе биде домаќин на самитот на седум земји од југот на Европска унија во Ајачио на францускиот остров Корзика, а главна тема ќе бидат тензиите со Турција на источниот дел на Медитеранот. Според Елисејската палата, ова ќе биде седми неформален собир од 2016 година, на кој ќе учествуваат претседателите или премиерите на Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Грција, Кипар и Малта. Собирот ќе се одржи во Франција за прв пат, а минатата година Малта беше домаќин на самитот.

Франција бара од ЕУ санкции за Турција поради тензиите со Грција

„Во контекст на тензиите на истокот на Медитеранот, земјите од таканаречениот Мед 7 сакаат да го унапредат консензусот за односот на ЕУ со Турција пред состанокот на Европскиот совет на 24 и 25 септември во Брисел“, додаде француското претседателство.

УНИЦЕФ: Половина од децата бегалци во светот се надвор од училиштата

Лидерите на Мед 7, исто така, ќе разговараат за миграцијата, планот за економско закрепнување, климатските промени и излегувањето на Британија од ЕУ. Пред самитот Макрон ќе разговара со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Самитот ќе се одржи во контекст на тензиите меѓу Грција и Турција, двете членки на НАТО кои имаат спор околу зоната богата со гас на истокот на Средоземното море за која Атина тврди дека и припаѓа, додека Турција сака да го искористи тој дел на Медитеранот. Првиот собир Мед 7 се одржа во 2016 година во Атина.

XS
SM
MD
LG