Достапни линкови

Над 900.000 починати од коронавирус во светот


илустрација

Бројот на починати од коронавирусот досега во светот достигна 901.050, соопшти универзитетот Џонс Хопкинс. Потврдени се над 27,7 милиони случаи на заразени. Претходно фармацевтската компанија AstraZeneca, доброволно го паузираше испитувањето во третата фаза за да ги разгледа безбедносните податоци на својата експериментална вакцина, една од најнапредните меѓу неколкуте во развој.

AstraZeneca го паузира водечкото испитување за вакцина против ковид-19

Суспендирањето на испитувањата со околу 30.000 луѓе ширум светот се случи откако една жена во Британија која ја прими вакцината се разболе со невролошки симптоми поврзани со ретко воспалително нарушување на 'рбетниот столб, ставајќи сомнеж во изгледите за рано ширење на потенцијалната вакцина. AstraZeneca, која ја развива вакцината со Универзитетот во Оксфорд соопшти дека независен комитет ќе ги разгледа податоците.

XS
SM
MD
LG