Достапни линкови

Мицкоски со три барања до власта на протестите


Протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

„Мафија на робија“ и „Оставка“ скандираа демонстрантите на денешниот протест против поскапувањето на струјата во организација на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Протестниот марш стартуваше од пред министерството за правда во центарот на главниот град до седиштето на Регулаторната комисија од која демонстрантите бараат оставка. На протестот се обрати лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој порача дека ова е првиот од серијата протести против како што вели „неправдите од Илинденска бр.2“ и детронизирање на власта која дошла на позиција со „украдени и поткупени избори“. Тој испорача три барања до власта, како враќање на цената на струјата пред августовското поскапување преку намалување на тарифата на универзалниот снабдувач;, професионализација на Регулаторната комисија за која обвини дека ја води „партиски полтрон “ и исполнување на владиното ветување „викенди без ДДВ“.

„ Кога неправдата станува закон во оваа држава, тогаш пркосот и протестот е наша обврска, Мафија или Македонија. Изборот е јасен – Македонија,“ рече во својот говор Мицкоски пред насобраните граѓани и партиски членови.

Главната парола на протестот беше „Скапа струја, сиромашен народ“. Протестот го водеа членови од високото раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните годишно добија една сметка за струја повеќе

Регулаторната комисија соопшти дека од августовските сметки ќе започне пресметувањето на повисоката цена на електричната енергија за 7, 4 проценти.

Бислимоски - Вработувањата и луксузниот мебел не влијаат на цената на струјата

Инаку предвремените парламентарни избори се одржаа на 15 јули, на кои победи СДСМ со освоени 46 пратенички места и заедно со досегашниот коалиционер ДУИ која освои 15 места формираа Влада чии мандат стартуваше на 30 август.

XS
SM
MD
LG