Достапни линкови

Бројот на загинати во нападот на авганистанскиот потпретседател расте


Фотографија од местото на бомбашкиот напад, Кабул, Авганистан, 9 септември 2020.

Бројот на загинати во бомбашкиот напад во Кабул, кој се случи денеска претпладне, а чија мета беше авганистанскиот потпретседател Амрулах Салех, се искачи на најмалку 10 лица загинати и над 30 повредени, соопшти Министерство за внатрешни работи на Авганистан, пренесе АП.

Разван Мурад, портпаролот на потпретседател Амрулах Салех, рече дека потпретседателот имал само со полесни изгореници и дека биле повредени неколкумина од неговото обезбедување. Салех во своето прво телевизиско обраќање веднаш по нападот делувал добро и се појавил со завои на едната рака.

„Јас и мојот помлад син, кој беше со мене, сме добро. Имам полесни изгореници на лицето и раката од бранот на експлозијата“, рече Салех.

Неговиот портпарол нападот го оквалификува како терористички и додаде дека досега никој не презел одговорност за нападот што се случи пред почетокот на долгоочекуваните мировни преговори меѓу авганистанската Влада и талибанците во Доха.

Салех, кој е поранешен шеф на разузнавањето, преживеа неколку обиди за атентат, вклучително и минатата година кога 20 лица беа убиени во напад врз неговиот кабинет.

XS
SM
MD
LG