Достапни линкови

Секоја осма смрт во Европа е поврзана со загадувањето, и Македонија на листата


Архивска фотографија - Запален отпад на депонија кај Дебар

Загадувањето на животната средина доведува до стотици илјади смртни случаи секоја година, а еден од осум смртни случаи во Европа има врска со загадувањето на животната средина, објави денеска Агенцијата за заштита на животната средина на Европската Унија во својот најнов извештај.

Според податоците на Агенцијата, најтешка е ситуацијата на Балканот, а земјите со најголем процент на смртни случаи како резултат на загадувањето се Албанија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора, Македонија и Србија.

Загадувањето на воздухот, бучавата, лошиот квалитет на водата и изложеноста на хемикалии се причина за 13 проценти од сите смртни случаи. Процентот на смртни случаи поврзани со загадувањето се движи од 9 отсто во Норвешка и Исланд до 23 отсто во Албанија и 27 отсто во Босна и Херцеговина. Во ЕУ, најлоша е состојбата во Романија, каде што 19 отсто од смртните случаи се поврзани со загадувањето, се наведува во извештајот на Агенцијата за заштита на животната средина на ЕУ.

XS
SM
MD
LG