Достапни линкови

За 24 часа 485 прекршоци за неносење маска за лице


Илустрација - Луѓе со маски во угостителски објект

Министерството за внатрешни работи (МВР) утрово информираше дека во текот на изминатото деноноќие, на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 485 прекршоци.

Казната за неносење заштита за лице во јавни простории, согласно утврдените мерки за заштита од Ковид-19, изнесува 20 евра. Министерството за внатрешни работи и денеска апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите.

XS
SM
MD
LG