Достапни линкови

Нови 169 случаи на коронавирус во Грција, 35 во бегалскиот камп Мориа


Архивска фотографија- тестирање за коронавирус на граничен премин во Грција

Од 2.000 направени тестови за Ковид-19 на мигрантите, бегалците и вработените во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос, потврдени се 35 позитивни лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за миграција и азил на Грција, попладнево соопштија дека завршен е процесот на тестирање во кој биле земени примероци од 1.900 мигранти и бегалци и сто вработени.

Заразените биле пренесени во специјално одреден простор за изолација, а освен едно лице кое има симптоми, останатите 34 се асимптоматски. Бегалскиот камп Мориа од минатата среда е во 14 дневен карантин, откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 кај бегалец од Сомалија.

Во Грција, освен случаите во бегалскиот камп, во изминатите 24 часа се регистрирани вкупно 169 нови случаи, од кои 15 по направените тестови на влезните точки во земјата, а почина уште едно лице. Од почетокот на епидемијата, заразени се 11.832 лица и регистрирани 290 смртни случаи од Ковид-19.

XS
SM
MD
LG