Достапни линкови

Нови 99 заболени со коронавирус, осум починати


Архивска фотографија- пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1384 тестирања, а регистрирани се 99 нови случаи на ковид-19 од кои двоцифрени бројки има во Скопје-33 и во Охрид- 14. По нив следува Куманово со седум, Прилеп, Битола, Кочани и Делчево со по шест новозаболени, Штип со пет, Тетово четири, Македонски Брод три, Струга и Велес по двајца и Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Виница по еден заболен.

Починати се осум лица, двајца пациенти од Тетово, двајца од Охрид и по еден од Делчево, Струга, Скопје и Дебар. Денеска, како што се информира, Институтот за јавно здравје регистрирал 214 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15226, бројката на оздравени пациенти е 12700, на починати е 631, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1895.

XS
SM
MD
LG