Достапни линкови

Мицотакис- зголемениот број заболени од коронавирус е поради опуштеноста и раздвиженоста


Архивска фотографија- грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис

Здравствената, но и економската криза предизвикани од пандемијата на Ковид-19 беа во фокусот на расправата во грчкиот Парламент на ниво на лидери на партии, по иницијатива на лидерката на Движење на промена, Фофи Генимата, јави дописничката на МИА од Атина.

На расправата што заврши синоќа кусо пред полноќ, а траеше над шест часа, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рече дека лекцијата од летото е дека имало опуштање во општеството во однос на превентивните мерки.

„Последното зголемување на случаите, се должи, пред сè на внатрешната раздвиженост и опуштање во однос на правилата за заштита, а помалку на странските посетители. Зошто? Бидејќи отворањето на туризмот беше направено со континуирано проучување на епидемиолошката слика на секоја земја на потекло и со земање примероци на сите влезни порти“, објасни Мицотакис.

Лидерот на опозициската СИРИЗА Алексис Ципрас, упати критики до Владата дека новиот бран и зголемениот број позитивни случаи, меѓу другото се должи и на пропусти и грешки во владината политика и создава голема загриженост. Oд почетокот на месецов во Грција речиси секој ден се регистрираат над 200 нови случаи на заболени со коронавирусот. Од почетокот на епидемијата досега во таа земја се регистрирани вкупно 11 663 заболени, а починаа 289 луѓе.

XS
SM
MD
LG