Достапни линкови

СЗО: Владите да не манипулираат со информации за пандемијата


Илустрација

Директорот на СЗО за итни ситуации, Мајкл Рајан, денеска ги предупреди владите да не даваат политички мотивирани информации за пандемијата со коронавирусот. Рајан во Жeнева кажа дека „обидот да им се презентираат поедноставени решенија на луѓето, да долг рок, не е стратегија која победува”.

„Ако заедниците проценат дека добиваат информации со кои политички се манипулира или се управувани на начин што не одговараат на реалноста, тогаш тоа, за жал, се враќа како бумеранг“, изјави Рајан.

Одговарајќи на прашање за спротивставените пораки што се испраќаат од бразилската Влада во врска со пандемијата, Рајан рече дека „транспарентноста, доследноста, искреноста и признавањето на грешките можат да ја изградат довербата”.

XS
SM
MD
LG