Достапни линкови

Прославата на Денот на независноста со мерки за заштита


Одбележување на 8 Септември

Владата денеска од 10 часот на отворено ќе ја организира централната прослава по повод 29 години од прогласувањето на независноста и самостојноста на државата, на која ќе се обрати премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе се одржи во посебни услови согласно со здравствениот протокол на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на мерките за заштита и растојание. Пред централната прослава по повод 8 Септември – Ден на независноста, владина делегација во 8 часот ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата, Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробиштата „Бутел“.

Трамп: Честит 8 Септември, горди сме што сме сојузници

Делегацијата ќе ја предводи премиерот Заев и во неа ќе бидат првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерот задолжен за борба со корупција и криминал Љупчо Николовски и министерките за образование и наука и за труд и социјална политика, Мила Царовска и Јагода Шахпаска. По повод 8-ми септември вчера беше извршена почесна артилериска стрелба со истрелување на пет плотуни од артилериски орудија од страна на артилерискиот баталјон на Армијата на Република Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG