Настаните на денот низ фотографии - 7 септември 2020 година.
Грабнати, протерани, заразени...

1
БЕЛОРУСИЈА - Неидентификувани мажи облечени во црно денеска наутро ја грабнале Марија Колесникова, водечка белоруска опозициска фигура, и ја турнале во минибус, објави нејзиниот изборен тим, повикувајќи се на сведоци, јави АФП.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Директна парична помош за работниците и компаните во најпогодените сектори, договорот на определено време да не биде подолг од една година и породилното отсуство да трае 12 месеци, се дел од барањата кои денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ги побара од Владата. Премиерот Зоран Заев вети дека ќе бидат прифатени оние барања кои реално во моментот може да се реализираат.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во среда излегува на протести изјави на денешната прес-конференција, партискиот лидер Христијан Мицкоски. Протестот ќе биде во форма на марш од Министерство за правда до Регулаторната комисија за енергетика.

4
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Министерството за здравство денеска информираше дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19, шестмина починати и 251 оздравен пациент.