Достапни линкови

БДП во вториот квартал со стапка од минус 12,7 отсто


Илустрација

Бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал е со стапка од минус 12,7 отсто, објави Државниот завод за статистика (ДСЗ). Според објавените податоци, во второто тримесечје од 2020 година, пораст е забележан во секторите земјоделство, шумарство и рибарство од 4,5 отсто, јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување, образование, дејности на здравствена и социјална заштита од 2,2 отсто и информации и комуникации од 0,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2020 година номинално опаѓа за 9,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 70,6 отсто, соопшти ДСЗ.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намалил за 32 отсто, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 30,2 отсто. Во првиот квартал, пред да почне корона-кризата во март, БДП забележа раст од 0,2 отсто.

XS
SM
MD
LG