Достапни линкови

Индија го надмина Бразил по бројот на корона позитивни


Илустрација - Индијци со заштитни маски на автобуска постојка во Калкута, август 2020 година.

Индија го мина Бразил по бројот на заразени со коронавирус и сега е на второто место во светот како најсилно зафатена земја од пандемијата, по САД, јави АФП.

До овој момент во Индија се регистрирани 4.200.000 инфицирани лица, покажуваат најновите податоци на индиското Министерство за здравство, во споредба со 4.120.000 во Бразил и 6.250.000 во САД.

Бројот на починати од Ковид-19 во Индија изнесува 71.642, што е помалку од Бразил и САД, но дел од експертите велат дека Индија не тестира доволно луѓе и дека реалните бројки може да се многу повисоки.

Според последните податоци објавени од Универзитетот Џонс Хопкинс, бројот на инфекции со коронавирус надмина 26.920.000, ширум светот, додека пријавени се 880.500 смртни случаи.

XS
SM
MD
LG