Достапни линкови

Ѓоковиќ се извини за инцидентот по што беше дисквалификуван од УС Опен


Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ се извини што го удри линиски судија со топка која фрустрирано ја удри за време на натпреварот од четвртото коло на УС Опен. „Целата оваа ситуација ме остави навистина тажен и празен“, напиша Ѓоковиќ на Инстаграм, само неколку часа по неговото дисквалификување од турнирот во Њујорк. „Проверив како е линискиот судија и фала му на Бога, таа се чувствува добро“. Инцидентот се случи во првиот сет на мечот од четвртото коло меѓу Ѓоковиќ и Пабло Карењо Буста, откако загуби три сет поени. Топката го погоди линискиот судија во грло, соборувајќи ја на земја и предизвикувајќи да плаче од болка.

Ѓоковиќ негативен на коронавирусот

Во својата објава на Инстаграм, Ѓоковиќ рече дека му е „екстремно жал“ што му нанел таков стрес на судијата. „Толку несакано. Толку погрешно “, рече тој, додавајќи дека нема да го открие нејзиното име за да ја почитува нејзината приватност. „Што се однесува до дисквалификацијата, треба да се вратам во себе и да работам на моето разочарување и сето ова да го претворам во лекција за мојот раст и еволуција како играч и човек“, изјави тенисерот број 1 во светот. Доколку Ѓоковиќ напредуваше, тој ќе беше на пат да ја освои својата 18-та грен слем титула, ставајќи се на две помалку од рекордните 20 на Федерер.

XS
SM
MD
LG