Достапни линкови

Договорен датумот за избори во Албанија


Албанскиот претседател Илир Мета

Следните парламентарни избори во Албанија ќе се одржат на 25 април 2021 година. Датумот со указ денеска го одреди претседателот Илир Мета по консултациите што со политичките партии ги одржа пред два дена. Во петокот Мета во текот на целиот ден имаше одвоени средби со лидери и претставници на политичките партии околу одредувањето датум за изборите. Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните, во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама.

XS
SM
MD
LG