Достапни линкови

Нови 92 заразени со коронавирус и три починати пациенти


Луѓе со маски во Скопје

Во последните 24 часа се направени 997 тестирања, а регистрирани се 92 нови случаи на Ковид-19, додека 86 пациенти се оздравени и тројца се починати, соопштија од Министерството за здравство. Починати се три лица, и тоа пациент од Гостивар (41 година) и пациент од Дебар (63 години) кои починале во болница и пациентка од Ресен (35 години) почината вон болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15 090, бројката на оздравени пациенти е 12 235, на починати е 617. Во моментов, се наведува во соопштението од МЗ, бројот на активни случаи во земјата изнесува 2238 од кои најмногу има во Скопје 754 а потоа во Куманово 262 и Прилеп со активни 152 случаи.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се осум пациенти. Вкупно се хоспитализирани 87 пациенти, на кислородна поддршка се 53, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле нема возрасни пациенти. Хоспитализирани се две деца и една мајка позитивни на ковид-19, а четири деца и пет мајки суспектни на вирусот.

XS
SM
MD
LG