Достапни линкови

Вучиќ задоволен од средбата во Брисел со Лајчак и Палмер


Илустрација, архивска фотографија од српскиот претседател Александат Вучиќ и заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Брисел изјави дека имал добра средба со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак и заменик помошникот државен секретар на САД Метју Палмер. Вучиќ истакнал дека верува оти сите разговори во Брисел ќе дадат резултати. Тој посочил дека официјалниот дијалог ќе продолжи утре, за три клучни теми на разговор – исчезнатите лица, внатрешно раселените лица и економијата, потпирајќи се дел од она што беше разговарано во Вашингтон.

„Како да го искористиме тоа и како да ги подобриме односите, а не да се гледаме како непријатели, туку да работиме во корист на народот, и на Србите и на Албанците, рече Вучиќ.

XS
SM
MD
LG