Достапни линкови

Заврши потрагата по преживеани од експлозијата во Бејрут


Илустрација, Бејрут

Спасувачи велат дека нема повеќе никаков знак на преживеани откако три дена барале низ урнатините на една зграда во Бејрут со надеж да најдат некој што преживеал повеќе од месец после масивна експлозија.

Околу 50 спасувачи и волонтери работеле три дена од кога сензори детектирале знаци на дишење и топлина, и откако кучето почувствува дека има преживеан под урнатините.

Можноста да има некој преживеан после толку долго време поттикна надеж за чудо. Франциско Лерманта, лидерот на спасувачката волонтерска група од Чиле, извести дека знаците на живот кои биле детектирани на 2 септември било само дишењето на други спасувачи во зградата насетени од опремата на спасувачката група.

,,Технички гледано, нема никакви знаци на живот,“ изјавија од спасувачката група на прес конференција

Тие соопштија дека сега нивните напори ќе се свртат кон расчистување на урнатините и потрага по починати бидејќи се уште се водат 7 луѓе како исчезнати.

XS
SM
MD
LG