Достапни линкови

Пендаровски - Освен кривично-правна треба да има и политичка и морална одговорност


Претседателот Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски смета дека се залага за една изборна единица и за отворени листи и преференцијални гласови. Но, тој во моментов не гледа дека има политичка волја кај најголемите партии за измена на изборниот модел.

За очекувањата од новата Влада, Пендаровски во интервју за Канал 5 вели дека гледа волја за продолжување на реформите, кои особено треба да се насочат во правосудството.

„Практично овој состав е 70-80 проценти во кадровска смисла идентична со претходната влада. И на крајот на краиштата, јас не сум тој кој треба да го цени составот од овој аспект премиерот, мандатарот ги одбира луѓето, ги селектира и на него е да ја понесе и одговорноста ако тие не одговараат на задачите кои им ги доделил. Она што јас знам е дека во оваа влада има луѓе кои се способни. Најголемиот дел и лично ги знам. Има многу малку нови ликови, мислам дека еден – двајца се сосема нови“, изјави Пендаровски.

Шефот на државата смета дека во работењето на државните функционери освен кривично-правната треба да се има предвид и политичката и морална одговорност.

„Освен кривично правната одговорност која ќе биде утврдена од судовите, се разбира, крајна консеквенца, ние би морале да водиме сметка и за т.н. политичка или морална одговорност. Ако некој вас ве спомнува, а вие не одговарате во однос на тие обвинувања, нека станува збор само и за евентуално морална одговорност треба да излезете и ако немате што да кажете на таа тема треба да се повлечете од политиката. Значи, мојот став и секојпат бил не мора да бараме само кривично правна одговорност во смисла на новата влада“, вели Пендаровски.

За тоа зошто не биле исполнети ветувањата за правда и права држава, тој вината ја лоцира во судството и спрегите меѓу центрите на политичка и бизнис моќ.

XS
SM
MD
LG