Достапни линкови

Контроли во Општина Гостивар, Таравари порачува да нема селективност


Арбен Таравари

Во Општина Гостивар се вршат контроли на финансиското работење на општината. Финансиска полиција и други инспекциски органи испитуваат вработувања во Општината и трошењето на пари за вработените. Инспекторите посебно се интересирале за вработените со договори.

Градоначалникот Арбен Таравари ја потврди информацијата и напомена дека станува збор за селективност и притисок на централната власт кон раководството на локалната самоуправа. Таравари вели дека како институција не се против контролите на државните органи, но е категоричен дека не треба да се има селективен пристап.

„Наместо да ги решаваат бројните афери со рекетирање, приватизации, малверзации и да постапуваат по препораките на Прибе, тие доаѓаат во Гостивар. Кај нас има 109 вработени, а во Тетово 550 и таму не се контролира. Ни пречи таа селективност и сметам дека на ваков начин сакаат да нè заплашат“, рече Таравари за МИА.

Тој потенцира дека инспекторите ги зеле потребните податоци и информации и смета дека тоа нивна должност, а доколку имаат забелешки или откријат неправилности, подготвен е да сноси одговорност.

XS
SM
MD
LG