Настаните на денот низ фотографии - 4 септември 2020 година.
Едни на суд, други на плажа, трети на протести...

1
БУГАРИЈА - Бугарските граѓани се собраа на уште еден антивладин протест. Нивните главни барања се оставки на премиерот Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев. Владејачката партија ГЕРБ на Борисов вчера соопшти дека тој нема да си поднесе оставка од функцијата премиер по немирите во претходниот ден.

2
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Скопското Основно јавно обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение портив поранешна пратеничка во македонското Собрание која се товари за продолжено кривично дело - измама. Од ОЈО информираат дека станува збор за предметот во јавноста познат како Друмарина. Според ОЈО, екс-пратеничката се товари дека со невалидни фискални сметки за патарина добила исплата на над 100 илјади евра.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Не постоеше план за насилство на конститутивната седница на 27 април 2017 година. Вака денеска сведочеа дел од пратениците кои беа повикани од одбраната на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, на денешното рочиште од судењето за организација на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Северна Македонија.

4
РУСИЈА - Стотина европарламентарци бараат санкции против одговорните за нападите врз опозициските претставници и новинарите во Русија, имајќи го предвид и последниот со труењето на политичарот Алексеј Навални, јави Германската новинска агенција (ДПА).