Достапни линкови

КСС бара обештетување за сите работници и предвремена пензија


Илустрација - Работник во индустриски сектор во Северна Македонија

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара итно да се најде модел, решение и средства да се обесштетат сите работници кои ја изгубиле својата работа по било каков основ, технолошки вишок, отказ на работно место, не продолжување на договор на определено време, не продолжување на договор преку агенција за вработување, принудно затворен бизнис поради уредбите од Владата поради пандемијата.

КСС, исто така, бара и работниците од сивата економија да бидат обесштетени, бидејќи, како што велат, тоа се граѓани кои што овој момент немаат никакво примање, се наоѓаат во многу лоша состојба и не се во можност да ги платат своите режиски трошоци.

„Бараме од Владата овие работници да бидат ослободени од плаќање на режиски трошоци, затоа што државата е сопственикот на ресурсите за струја и вода“, стои во дописот на КСС.

Од Конфедерацијата наведуваат и дека го прифаќаат моделот на предвремено пензионирање на вработените во јавната администрација, бидејќи како што велат тоа е нивно барање и е во рамките на нивнот предлот модел на ваков вид пензионирање. Меѓутоа, сметаат дека оваа мерка би имала поголем ефект ако старосната граница за пензионирање биде од минимум 3 до 5 години предвремено пензионирање или од 59 до 61 години за мажи и 57 до 59 години за жени.

„Доколку работниците предвремено одат во пензија процентот ќе им биде намален поради годините од предвремено пензионирање, според процентот на годините стаж, но штом ја исполнат старосната граница пензионерите да си ја добијат пензијата во полн износ, исто како да ја исполниле старосната граница од 64 односно 62 години“, велат од КСС.

XS
SM
MD
LG