Достапни линкови

Грција претрпе огромна загуба на БДП


Атина

Грција претрпе огромен пад на бруто домашниот производ во вториот квартал од оваа година, со пад од 15,2 проценти на годишно ниво, но владата инсистира дека бројките не ги влошуваат годишните прогнози. Загубата од претходниот квартал беше 14 проценти. Грчката економија годинава се очекува да се намали за вкупно 9 проценти, според прогнозата на Европската комисија, поради ефектите од пандемијата на коронавирусот и мерките за затворање кои сериозно влијаеја врз меѓународните патувања.

Грција забрани летови за и од Барселона поради ковид-19

Владиниот портпарол Стелос Пекас изјави дека последните податоци ги рефлектираат ефектите од затворањето и дека тие не ги менуваат годишните очекувања дека падот на БДП на Грција оваа година ќе биде 7,9 проценти. Пандемијата, сепак, веројатно ќе ги попречи напорите на Грција да се надминат многу долгорочни проблеми, вклучувајќи го високото ниво на јавниот долг, големиот обем на заеми од приватниот сектор и големата невработеност. Тие проблеми беа предизвикани од големата финансиска криза што ја принуди Грција да побара меѓународна помош, а поголемиот дел од претходната деценија ја помина во рецесија.

XS
SM
MD
LG