Достапни линкови

Затворска казна за азербејџански опозициски политичар


Архива - азербејџанскиот опозициски политичар Тофик Јакублу .

Опозициски политичар во Баку е осуден на повеќе од четири години затвор под обвинение за хулиганизам, кое тој и неговите поддржувачи го нарекоа „лажно.“

Судот во баку на 3 септември го прогласи за виновен Тофик Јакублу – заменик претседател на партијата Мусават и висок политичар во Националниот совет на Демократски сили, и го осуди на четири години и три месеци затворска казна.

Ден претходно, Јакублу започна штрајк со глад, откако судијата Нариман Мехдијев му ја одзеде можноста на политичарот да ја даде последната изјава на суд.

Во изјавата, која Јкублу почна да ја чита пред да биде запрен од судијата, тој ја доведе во прашање легалноста на случајот против него, нарекувајќи го политички мотивиран.

Јакублу беше уапсен во март ,откако автомобил удри во неговото возило во Баку, а возачот на автомобилот започна жестоки дебати со политичарот.

Истражителите го обвинија Јакублу за „употреба на клуч за да изврши акт на хулиганизам“ против возачот, што политичарот го негираше.

Јакублу и групи за човекови права велат дека сообраќајната несреќа најверојатно била исценирана за да си искористи за „лажниот“ случај.

Јакублу често ја критикува владата и авторитарниот претседател Илхам Алиев.

Критичарите на владата на Алиев велат дека властите во касписката земја богата со нафта, честопати се обидуваат да ги замолчат опозициските активисти, новинарите и поборниците за граѓанско општество со обвиненија и затворање.

Алиев владее во Азербејџан од 2003 година, преземајќи ја власта од својот татко кој беше претседателт цела деценија.

XS
SM
MD
LG