Достапни линкови

Во експлозија загинаа тројца пакистански војници


Архивска фотографија - пакистански војници патролираат на улица во Јужен Вазиристан. 18.10.2017.

Паксистански официјален претставник изјави дека во експлозија на бомба во северозападниот племенски округ Јужен Вазиристан, загинале тројца војници и еден е ранет.

Окружниот полициски офицер Шаукат Али за РСЕ изјави дека војниците биле на рутинска патрола на 2 септември, кога експлозијата го погодила возилото со кое патувале.

Али вели дека четворицата војници првично биле повредени, но дека тројца од нив подоцна починале во болница, вклучително и поручник.

Четвртиот повреден војник бил во критична состојба, според полицискиот офицер.

Одговорноста за нападот ја презема забранетата организација Техрик-е-Талибан Пакистан (ТТП), исто така позната како пакистански талибанци.

На 31 август групата презеде одговорност за заседа во областа Лада во Јужен Вазиристан, во која четири војници беа убиени и други четири беа повредени.

Јужен Вазиристан, лоциран во близина на границата со Авганистан, служеше како база на милитантите се до последните години кога Пакистан соопшти дека преку свои операции подрачјето било исчистено од талибанци и други милитантни групи.

XS
SM
MD
LG