Достапни линкови

1756 тестирања, 166 нови случаи на Ковид-19, нема починати


Илустрација - Патоказ кон пункт за тестирање за Ковид-19 во Комплексот Универзитетски клиники во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1756 тестирања и се регистрирани 166 нови случаи на Ковид-19 и 224 оздравени пациенти, соопшти денеска Министерството за здравство.

Новозаразените се регистрирани во: Скопје 46, Куманово 17, Дебар 3, Штип 13, Прилеп 12, Тетово 11, Струга 4, Велес 3, Битола 4, Охрид 2, Кавадарци 2, Гевгелија 2, Струмица 3, Крива Паланка 2, Радовиш 2, Кочани 7, Пробиштип 1, Македонски Брод 2, Пехчево 6, Берово 4, Виница 3, Делчево 12, Кратово 2 и во Свети Николе 3.

„Во последното деноноќие не се регистрирани починати пациенти. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 224 оздравени пациенти“, соопшти МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 153.462 тестирања за Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14762, бројката на оздравени пациенти е 11965, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2191.

XS
SM
MD
LG