Достапни линкови

Заев до амбасадорите од ЕУ: Отворање на 80 отсто поглавја до 2024


Брифинг на премиерот Зоран Заев со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, Скопје 3 септември 2020

Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Свесни сме за предизвиците кои корона кризата ги носи, но сепак ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење на нова трансформирана економија, ЕУ интеграцијата, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории на граѓани во нашата земја, им порача денеска премиерот Зоран Заев на амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Северна Македонија, на средбата во Клубот на пратеници во Скопје.

„Имаме план за отворање на 80 отсто поглавја до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура со учество на сите чинители, креирање на буџетски програми за преговори со ЕУ. Ја зајакнуваме кадровска екипираност и ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка за капацитети за имплементација на ИПА 3“, рече Заев.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, во име на Европската Унија, ги пренесе очекувањата за брзи и квалитетни реформи, но и посочи дека европските партнери на Северна Македонија остануваат доследно посветени на помош за земјата во пребродување на последиците кои настанаа од корона кризата и реформските зафати на новата Влада.

На брифингот со амбасадорите од ЕУ-земјите, покрај премиерот беа и вицепремиерот Љупчо Николовски, шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за правда Бојан Маричиќ, како и државните секретари Калина Габер од Секретаријатот за европски прашања и Зоран Попов од МНР.

XS
SM
MD
LG