Достапни линкови

УНИЦЕФ: Половина од децата бегалци во светот се надвор од училиштата


Архивска фотографија од протест на мигранти во Грција

Доколку меѓународната заедница не преземе итни и храбри мерки за да возврати на катастрофалните ефекти на КОВИД-19 врз образованието на бегалците, ќе се намалат можностите да се искористи потенцијалот на милионите млади бегалци кои живеат во најранливите заедници на светот, наведува Агенцијата на ОН за бегалци – УНХЦР, во извештајот објавен денеска под наслов „Заедно за образование за бегалците“.

„Половина од децата бегалци во светот веќе се надвор од училиштата. По сè што поминале, не можеме да им ја земеме иднината со тоа што ќе им го одземеме образованието денес“, изјави Филипо Гранди, високиот комесар на ОН за бегалци.

Податоците во извештајот се засновани на вкупните бројки на уписи во училишната 2019 година. Иако децата од сите земји имаат потешкотии во образованието како последица од КОВИД-19, децата бегалци се особено загрозени.

XS
SM
MD
LG