Достапни линкови

26 милиони заразени во светот од почетокот на Ковид-19 пандемијата


Илустрација - Земање брис за тестирање за коронавирус во Босна и Херцеговина

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19 до сега биле заразени 26.093.812 луѓе, покажуваат податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“. Според истиот извор, од последиците на вирусот досега починале 864.565 лица, а оздравеле 18.340.671 лице. Во моментов има 6.888,576 активни случаи, од кои 60.670 се во критична здравствена состојба.

Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,2 милиони луѓе се заразени со коронавирусот, а починаа 189.651 лице. На второ место е Бразил со над 3,9 милиони заразени и 122 941 починати, а на трето место е Индија со над 3,8 милиони заразени и 67 486 жртви.

Само Русија сè уште има повеќе од милион пациенти - 1.005.000. Во таа земја, сепак, бројот на смртни случаи е значително помал – 17.414.

XS
SM
MD
LG