Достапни линкови

Македонските адвокати ќе можат да работат и во Англија и Велс


Министерот за правда, Бојан Маричиќ

Отсега македонските адвокати може да полагаат трансферен испит и да работат со титула адвокат во Англија и во Велс, објави претпладнево новиот министер за правда, Бојан Маричиќ.

„Досега, како македонски адвокат не постоеја никакви можности да се работи како адвокат (solicitor) во Велика Британија. По иницијатива на македонски адвокати од Брисел упатена преку Адвокатската комора на Северна Македонија до адвокатската комора на Англија, македонските адвокати може да се квалификуваат за адвокат по скратена постапка и само со трансферен испит. Повеќе информации може да се добијат во Адвокатската комора на Северна Македонија, како и Комората на Англија и Велс“, напиша денеска министерот Маричиќ на својот официјален фејсбук профил.

XS
SM
MD
LG