Достапни линкови

Рекордни 526 милиони евра дознаки од косовската дијаспора до јули


Луѓе во Северна Митровица чекаат во ред за владина финансиска помош во ек на пандемија на коронавирус

Рекордни 526 милиони евра дознаки од странство стигнале на банкарските сметки на жителите на Косово од почетокот на годинава до крајот на јули. Ова денеска го објави заменик министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Беким Брестовци.

Пристигнале 47 милиони евра повеќе отколку во истиот период минатата година, рече Брестовци. Тој констатираше дека, и покрај тешкотиите поради пандемијата на коронавирус, дијаспората и понатаму е најголем поддржувач на економскиот развој на Косово, чиј БДП е околу 6,7 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG