Настаните на денот низ фотографии - 2 септември 2020 година.
Честитки и ќотек

1
БУГАРИЈА - Бугарскиот Парламент, во овој историски момент, треба да биде на висина на очекувањата на јавноста и да спречи земјата да влезе во хаос, немири и беззаконие, рече бугарскиот претседател Румен Радев во денешното обраќање во Националното собрание, додека надвор неколку илјади демонстранти бараат оставка од Владата. Пред Парламентот неколку илјади демонстранти бараат оставка од Владата,а дојде и до судири со полицијата.

2
МАКЕДОНИЈА - Премиерот Зоран Заев, пред денешната средба со Сојузот на стопански комори, одговарајќи на новинарско прашање за апанажите, рече дека ќе им помогне на пратеници од поранешниот собраниски состав веднаш да бидат ангажирани на други позиции и работни места во јавниот сектор.

3
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА - Кај ТЦ Мавровка во Скопје денеска почна уривањето на дивоградбата пред трговскиот центар, а уривањето го врши Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта. Реагираше инвеститорот кој тврди дека се е легално и се закани со тужби.

4
САД / МАКЕДОНИЈА - Соединетите Американски Држави се горди што се сојузник со Северна Македонија во НАТО и ги поддржуваат нејзините аспирации за членство и во Европската унија, напишал американскиот претседател Доналд Трамп во честитката до претседателот Стево Пендаровски, по повод Денот на независноста - 8 Септември, соопшти Кабинетот на македонскиот претседател.