Достапни линкови

За 24 часа 145 нови случаи на Ковид 19 и двајца починати


Илустрација - Тестирање за Ковид-19 на Клиниката за инфективни болести во Скопје

Министерството за здравство попладнево информираше дека во последните 24 часа се направени 1772 тестирања и при тоа биле регистрирани 145 нови случаи на Ковид-19, двајца починати пациенти и 216 оздравени.

Новозаразените се регистрирани во Скопје-32, Куманово-15, Дебар-5, Штип-8, Прилеп-8, Тетово-9, Струга-4, Велес-2, Битола-4, Охрид-4, Кавадарци-2, Гостивар-12, Гевгелија-1, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-3, Пробиштип-2, Пехчево-5, Берово-1, Виница-2, Делчево-8, Свети Николе-4, Кичево-6 и во Неготино-1.

„Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 216 оздравени пациенти. Во болнички услови починати се двајца пациенти - од Дебар (67г) и Струга (48г)“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14600, бројката на оздравени пациенти е 11741, на починати е 606, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2253

XS
SM
MD
LG