Достапни линкови

Регистрирани 399 прекршоци за неносење заштитна маска


Илустрација

За неносење лична заштита на лице регистрирани се 399 прекршоци во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од МВР апелираа до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, осврнувајќи се на епидемиолошкиот аспект, вчера истакна дека состојбата е стабилна, вклучително и состојбата со болниците каде практично секаде има слободни болнички капацитети. Во однос на состојбата со коронавирусот, согласно последниот извештај на Институтот за јавно здравје, од случаите во изминатата недела, Филипче информираше дека хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените што е намалување од 40,3 проценти во однос со претходната недела.

XS
SM
MD
LG