Достапни линкови

Ново рочиште за „Тврдина – Таргет”


Сашо Мијалков во суд за Таргет - Тврдина

Денеска во Кривичниот суд Скопје, ќе продолжи главниот судски случај за аферата за прислушувањето, познат во јавноста како „Тврдина-Таргет“. На претходните рочишта во овој предмет сведочеа вработени во компанијата Ериксон, кои во своите искази наведоа дека за одржување на системите за следење на комуникациите во УБК тие биле организирани во дежурства, односно при нивна интервенција во системот секогаш имало претставник на УБК. Обвинителката Ленче Ристовска, за МИА, изјави дека за 2-3 рочишта максимум ќе почнат со презентација на оштетените лица како сведоци во предметот „Тврдина-Таргет“.

Судењето за „Таргет-Тврдина“ затворено за јавноста

Главни обвинети во овој предмет се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, односно неколку вработени во поранешната УБК. Судскиот процес го води судијата Џенета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ. Додека обвинението е застапено од обвинителската тројка Трајче Пеливанов, Ленче Ристовска и Артан Ајро. Обвинетите се товарат дека во период меѓу 2008-2015 година нелегално прислушувале над четири илјади телефонски броја. Судењето по предметот „Таргет-тврдина“ започна во декември 2017 година и уште е во фаза на доказна постапка.

XS
SM
MD
LG