Достапни линкови

Трамп во Кеноша: ова е вистински домашен тероризам


Претседателот на САД Доналд Трамп

Претседателот на САД Доналд Трамп го посети градот Кеноша во Висконсин, за да ги поддржи органите на прогонот по немирите што избувнаа откако полицајци застрелаа рз Афроамериканец. Трамп ја искористи својата посета на градот на 1 септември за да ја зајакне својата порака за „закон и ред“ и да ги критикува демократите, бидејќи неколкунеделните немири околу расната нееднаквост и полицијата ја поларизираа земјата пред изборите во ноември. Протестите во Кеноша прераснаа во насилства откако полицијата на 23 август седум пати пукаше врз Џејкоб Блејк за време на расправија додека бил приведуван за време на домашен спор. Семејството на Блејк вели дека тој сега е парализиран од половината надолу.

Бајден го обвини Трамп за поттикнување насилство

Трамп го обиколи центарот на Кеноша, каде повеќе од продавници беа уништени или оштетени за време на немири и грабежи во првите ноќи на протести. „Ова не се акти на мирен протест, туку вистински домашен тероризам“, изјави Трамп. Тој ја осуди антиполициската реторика и ги отфрли тврдењата на демократите дека постои структурен расизам во нацијата и нејзините полициски оддели. Трамп не се сретна со семејството Блејк, кое одржа собир на неколку километри оддалеченост од местото каде што беше претседателот.

XS
SM
MD
LG