Достапни линкови

Турција е за дијалог со Грција околу тензиите во источниот Медитеран


Турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу

Турскиот министер за надворешни работи Мелвут Чавушоглу изјави дека неговата земја е посветена на дијалог со Грција што ќе доведе до фер поделба на ресурсите на истокот на Средоземното море, каде што двете земји се во расправија околу зона богата со енергенси. Тој ја обвини Грција за провокации во регионот, поддржани од Европската унија, која се закани со санкции кон Анкара. „Ние сме за заедничко решение и преговори со сите страни во источен Медитеран, така што сите да имаат корист од ресурсите на источен Медитеран и тие ќе бидат поделени фер“, рече.

Телефонски разговор на Трамп со Ердоган за Медитеранот

Поради спорот меѓу Грција и Турција околу поморската граница по откривањето на значителни наоѓалишта на гас, двете земји изведоа неколку воени вежби во последните неколку недели. Анкара тврди дека Грција нема право да експлоатира гас.

XS
SM
MD
LG