Достапни линкови

Норвешкиот Парламент цел на хакерски напад


Парламентот на Норвешка

Парламентот на Норвешка соопшти дека бил цел на сајбер напад во текот на изминатата недела и дека електронската пошта на неколку пратеници и вработени била хакирана.

„Ова беше значаен напад“, рече на прес-кнференција Маријана Андреасен, главен администратор во Парламентот.

Тоа, според неа, влијаело на „ограничен број“ на пратеници и вработени, кои биле информирани, одбивајќи да каже за колку станува збор.

Од опозициска Лабуристичка партија соопштија дека неколку нивни членови и вработени биле цел на нападот.

Андреасен, посочи и дека идентитетот на хакерите не е веднаш познат, а Норвешката управа за национална безбедност помогнала во спречувањето на нападот. Таа рече и дека напорите за стопирање на нападот имале „непосреден ефект“.

XS
SM
MD
LG