Достапни линкови

Ослободени 100 талибанци во Авганистан


Дел од ослободените талибанци на 13 август, 2020 година.

Авганистанските власти соопштија дека ослободиле уште околу 100 талибанци, како дел од размената на затвореници, со цел да се расчисти патот за почеток на мировните разговори меѓу Кабул и милитантната група. Авганистанските власти ги опишаа преостанатите затвореници, како најопасни, обвинувајќи ги за организирање напади врз амбасади, јавни плоштади и владини канцеларии, убивајќи илјадници цивили во последните неколку години.

Ослободувањето на 400 талибански затвореници беше одобрено минатиот месец. Одлуката беше донесена по повеќе од пет месеци откако Вашингтон и талибанците го поставија ослободувањето на затворениците како услов за разговорите меѓу милитантната група и Кабул.

Ослободувањето на затворениците е последната пречка за отворање на преговорите меѓу меѓународно поддржаната влада во Кабул и талибанците, според мировниот договор потпишан во февруари меѓу милитантите и САД.

XS
SM
MD
LG