Достапни линкови

Филипче: Состојбата со коронавирусот стабилна


Министерот за здравство, Венко Филипче

Mинистерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека во периодот од 24 до 30 август направени се 9.944 тестови за коронавирус, а регистрирани биле нови 666 позитивни случаи, што претставува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела. Новите случаи, според него, се регистрирани во 29 градови низ дражавата, а најголем дел од нив, 209 се во Скопје.

Тој информира и дека хоспитализирани се вкупно 71 пациент што е намалување од 40,3 отсто во однос на претходната недела. Филипче рече и дека пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови. Од нив 29 имале познати коморбидитети.

„Во таа смисла од епидемиолошки аспект можам да кажам дека состојбата е стабилна, вклучително и состојбата во болниците“, посочи Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Во изминатото деноноќие се направени 1.665 теста и при тоа се регистрирани 115 нови случаи на коронавирс, 368 оздравени пациенти и едно починато лице.

XS
SM
MD
LG