Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Kривичната пријава за дивоградбата кај „Мавровка“ е популизам


Бесправно изградениот објект кај ДТЦ „Мавровка“

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека рушењето на објектот кај трговскиот центар Мавровка, кој бил изграден со дозвола на СДСМ, како што наведуваат од партијата, сега ќе се плати од џебот на граѓаните.

„Кривичната пријава за бесправно изградениот објект кај Мавровска е обичен популизам од страна на Јавното обвинителство. Дивоградбата кај Мавровка е изградена во време на владеење на СДСМ и Зоран Заев што укажува дека државните институции наместо да реагираат на ваквото незаконие тие останале глуви“, се вели во соопштението на опозициската партија.

Објектот веќе неколку месеци е предмет на интерес на општинските, градските и државните власти, а особено на јавноста, која обвинуваше дека „некој замижува пред законот“. Откако пред еден месец беше утврдено дека објектот е бесправно изграден, ниедна фирма не се јави на тендерот за негово уривање, а надлежните служби не може да го утврдат идентитетот на инвеститорот на градбата.

СВР Скопје поднесе кривична пријава за бесправната градба, а премиерот Зоран Заев најави нејзино отстранување.

Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат како и кога се дознал идентитетот на сопственикот на дивоградбата кај Мавровка кој претходно се бараше преку јавен оглас и дали Заев е вмешан во случајот.

XS
SM
MD
LG