Достапни линкови

Почнаа консултациите за парламентарните избори во Албанија


Претседателот на Албанија, Илир Мета

Албанскиот претседател Илир Мета ги почнва консултациите со политичките партии за конкретен датум за парламентарните избори што треба да се одржат во јуни следната година, јави МИА од Тирана. Мета веќе испратил писмо со покана до премиерот и лидер на владејачката Социјалистичка партија, Еди Рама, за средба на 4-ти септември во претседателската резиденција, а за истиот ден на пладне веќе е планирана и средба со Љуљзим Баша, лидерот на опозициската Демократската партија.

Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама.

„Со верба и благодарност за овој важен процес“, стои во писмото-покана од претседателот Мета.

Во меѓувреме, партиите веќе ги почнаа активностите околу одредувањето кандидати кои ќе се најдат на изборните листи за пратеници, преку предлагање во базата, по што ќе следува избор во највисоките партиски органи.

XS
SM
MD
LG