Достапни линкови

Регистрирани 115 нови случаи на Ковид-19 и еден починат пациент


Илустрација - Медицинско лице доставува примероци од крв за тестирање за Ковид-19 во лабораторијата на МАНУ во Скопје

Министерството за здравство денеска информираше дека изминатото деноноќие се направени 1.665 теста и при тоа се регистрирани 115 нови случаи на Ковид-19, 368 оздравени пациенти и еден починат.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, 34 новозаразени се регистрирани во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Штип, 13 во Струга, 10 во Куманово, по четири во Битола и Охрид, по три во Тетово и Виница, по два случаи се регистрирани во Гостивар, Пробиштип, Берово и Свети Николе и по еден во Крива Паланка, Радовиш, Крушево, Кочани, Македонски Брод, Пехчево и Делчево.

„Институтот за јавно здравје регистрирал 368 оздравени пациенти, а во болнички услови починал еден 76-годишен пациент од Гостивар“, соопшти МЗ.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14455, бројката на оздравени пациенти е 11525, на починати е 604, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2326.

XS
SM
MD
LG