Достапни линкови

СДСМ во април ќе избира партиски лидер


Во април вгодина, членовите на СДСМ на непосредни избори ќе гласааат за претседател на партијата, соопшти денеска лидерот на партијата, Зоран Заев, чиј мандат истекува во мај 2021 година.

„Во април наредната година сите членови на СДСМ ќе гласаме на непосредни избори за избор на претседател на партијата“, рече Заев, по денешното одбележување на годишнината од основањето на Агенцијата за национална безбедност.

За Конгресот на СДСМ, кој, според Заев, ќе се одржи кон крајот на септември или почетокот на октомври, покрај промената за избор на претседател, најави и промена во статутот на партијата со која генералниот секретар на партијата ќе може да учествува во извршната власт.

XS
SM
MD
LG