Достапни линкови

Наградата „Менада за млад уметник“ за Стефанија Гаштарска


Стефанија Гаштарска

Престижната награда „МЕНАДА за млад уметник“ оваа година ќе ѝ биде доделена на Стефанија Гаштарска, првата македонска балерина која доби професионален ангажман и стана дел од ансамблот на рускиот „Болшој“ театар во Москва, соопшти организаторот на Танц Фест 2020, кој ја доделува наградата.

Стефанија Гаштарска е родена во Скопје во 2001 година. Завршува нижо и средно балетско училиште во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје. Во 2016 година, подготвувана од професор Елисавета Кушевска, настапува на престижниот балетски натпревар „Арабеска“. Гаштарска, на 14 годишна возраст во тоа време, успева да биде најмладиот финалист и да се пласира меѓу најдобрите осум учесници. Нејзиниот талент е забележан и врвно оценет на натпреварот и поради успехот кој го постигнува и начинот на кој се претставува, поканета е да се школува во Државното училиште во Перм.

Школувањето го продолжува во врвната Болшој Балетска Академија, која со одличен успех ја завршува во 2020 година. По завршување на школувањето, како една од извонредните во својата класа, веднаш добива понуда да работи во престижниот „Болшој театар“ во Москва. Стефанија Гаштарска е единствената балерина во досегашната историја на македонската балетска уметност која ќе работи во овој престижен светски балетски ансамбл.

Гаштарска има освоени повеќе вредни награди и има настапувано со значајни балетски имиња.

XS
SM
MD
LG